
Категорија: Рутини за нега на кожата
Објавен: 19 Jun 2026
Сува наспроти дехидрирана кожа: Како до правилна нега?
Многу луѓе со години користат погрешна нега, мислејќи дека имаат сува кожа, додека всушност се соочуваат со дехидрација, но и обратно. Додека сувата кожа е тип на кожа, дехидрираноста е состојба. Кожа која е дехидрирана, не е нужно да е и сува истовремено. Може да се каже дека дури е и почесто масната кожа да „страда“ од дехидрираност, бидејќи нејзиниот изглед и самото чувство наведуваат дека не ѝ недостасува влажност.
Затоа сме тука, да ја расчистиме разликата и засекогаш да се осигураме дека секој тип на кожа ја добива потребната хидратација, клучна за здравиот изглед.
Карактеристики и нега на сува кожа
Сувата кожа е тип на кожа. Вашата кожа природно произведува помалку себум (масло) отколку што ѝ е потребно. Причините за тоа се, во најголем дел, генетски, или пак доаѓаат со возраста, промената на биолошките процеси, примање на одредени типови на терапија, или пак подолга изложеност на студ и сув воздух.
Вообичаени знаци на сува кожа:
- Груба текстура која покажува знаци на лупење
- Затегнатост веднаш после миењето
- Фини линии кои се „отпорни“ на хидратантните креми кои ги користите
- Чести црвенила поради лупењето
- Ретко чувствувате масност, дури и во Т-зоната
Овој тип на кожа се негува со богати хидратантни производи кои содржат церамиди, миење со нежни чистасчи и контролирано користење на активни состојки и ексфолијанти (хемиски и механички).
Карактеристики и нега на дехидрирана кожа
Кога зборуваме за дехидрирана кожа, тогаш всушност зборуваме за состојба на кожата поради недостаток на вода – и внатрешно и надворешно. Причините може да варираат од недоволен внес на течности, прекумерно консумирање кафе и алкохол, пречеста употреба на активни состојки во негата, стрес, топло време и секако, стрес и недостаток на сон.
Дехидрираната кожа најчесто ги покажува овие знаци:
- Затегнатост дури и при мрсна кожа
- Изразени фини линии
- Безживотен тен со сива или маслинеста нијанса
- Зголемена чувствителност
- Појава на затнати пори и акни
- Шминка која се згрутчува или собира во делови од лицето
За нега на дехидрираната кожа најчесто се започнува со обнова на кожната бариера, при што се користат козметички производи кои содржат церамиди и хијалуронска киселина. Сепак, клучна е добрата општа хидратација, за што најдобро е да се консумира обична вода редовно, за да се избеге ризикот од внатрешно дехидрирање.

Нарушена кожна бариера: Честа причина за сувост и дехидрираност на кожата
Како што добро забележавте, во двете состојби зборуваме и за нарушување на кожна бариера. Кожната бариера е заштитниот слој кој ја задржува влагата во кожата и ја штити од надворешни агресори како загадување, бактерии и иританти. Кога оваа бариера е ослабена, кожата почнува да губи вода многу побрзо, станува почувствителна и реагира дури и на производи кои претходно ги толерирала.
Вообичаени знаци на нарушена бариера, без оглед каков тип на кожа имате, се:
- Повремено печење или чувство на „боцкање“ кога нанесувате производи на лицето
- Црвенило и реактивност
- Комбинирано чувство на затегнатост и мрсни делови
- Нагла чувствителност на вообичаените козметички производи
- Нерамномерен изглед и раздразливост на кожата
Во ваков случај, проблемот не е само во недостаток на вода или масло, туку во тоа што кожата не може да ги задржи. Негата треба да биде минимална и фокусирана на обнова на бариерата преку состојки како церамиди, сквалан и пантенол, додека активните состојки треба да се сведат на минимум.
Правилен пристап во негата на сувата и дехидрираната кожа
Пред да го разработиме делот за нега во детали, мора да нагласиме дека сувата и дехидрираната кожа може да постојат истовремено, при што е потребен посериозен пристап во негата. За и самите грубо да одредите со кој проблем или состојба се соочувате, направете еден едноставен тест.
Измијте го лицето како што тоа го правите вообичаено и почекајте барем 30 минути без да нанесувате производи. Ако чувствувате затегнатост, а притоа кожата има мат изглед и покажува грубост, вашата кожа тежнее кон сувост. Но, доколку затегнатоста е проследена со благ сјај или видливо мастење по 30 минути, особено во Т-зоната, тогаш веројатно е дехидрирана.
Состојбата на сува и дехидрирана кожа истовремено се карактеризира со матираниот изглед, грубост, знаци на лупење во некои делови од лицето, но без присуство на лачење себум и евидентно оштетување на кожната бариера. Во таков случај се потребни производи кои содржат состојки како хијалуронска киселина, која ја врзува водата, но и церамиди или сквалан, кои ги надополнуваат липидите.
Рутина за нега на сувата кожа
Цел на рутината за нега на сува кожа е надополнување и подобрување на заштитната бариера и липидите.
Наутро, рутината се состои од:
1. Нежно миење
2. Хидратација со крем богат со церамиди
3. SPF заштита
Навечер, фокусирајте се на:
1. Двојно чистење
2. Маслен серум
3. Богат крем за обнова на кожната бариера
Избегнувајте агресивни ексфолијанти, киселини и активни состојки.

EFI Natural Cosmetics препораки:
1. Гел за миење со бела глина кој не ја исушува кожата
2. Тонер за сува кожа за подготовка на кожата за нанесување на производи
3. Маслен серум за сува и нормална кожа за интензивна нега
4. Крем за лице со церамиди за поддршка на кожната бариера
5. Ноќен крем за нормална и сува кожа за нега додека спиете
6. Минерален крем со SPF 50 затоа што нема компромис во заштитата од сончевите зрачења
Или пак истражете ги комплет-рутините за сува кожа или пак пакетот за нега на сува кожа со розацеа и црвенило.
Негување на дехидрираната кожа
Покрај внесот на вода преку пиење, дехидрираната кожа можеме и соодветно да ја негуваме, за да се задржи влажноста и подобри заштитната бариера.
Негата наутро треба да вклучува:
1. Нежно чистење
2. Хидратантен крем
3. Крем со заштитен фактор
Негата навечер, пак:
1. Двојно чистење
2. Серум со хијалуронска киселина
3. Крем за обновување на бариерата
Притоа, избегнувајте козметички производи кои содржат парфеми и алкохол, не претерувајте со користење ретинол и ексфолирачки киселини, ниту пак со матирачки производи кои го намалуваат лачењето на себум.
EFI Natural Cosmetics препораки:
1. Гел за миење (изберете соодветно во зависност од типот на вашата кожа – за мрсна или за сува)
2. Хијалуронски серум со витамин Б3 кој ја „врзува“ водата и ја задржува на вашата кожа
3. Серум со витамин Ц и пептиди бидејќи содржи негувачки состојки кои го подобруваат изгледот на тенот
4. Дневен крем за секој тип на кожа за лесна, но ефективна нега
5. Крем за лице со церамиди за поддршка на бариерата во секој дел од денот
6. Крем со СПФ со минерали бидејќи само со заштита од УВ-зрачењето целата останата нега прави смисла
Или пак испробајте ги рутините за масна кожа со акни (доколку имате таков тип на кожа) или пак, побарајте рутина директно од нас.
Најчести грешки во негата на сува и дехидрирана кожа
Иако сувата и дехидрираната кожа бараат различен пристап, многу луѓе несвесно прават грешки кои ја влошуваат состојбата.
Најчести грешки се:
- Користење агресивни чистачи кои дополнително ја сушат кожата (пример, механички пилинзи или чистачи со АХА и БХА киселини)
- Избегнување хидратација затоа што кожата изгледа мрсна
- Прекумерна употреба на киселини и ретинол без поддршка на бариерата
- Користење матирачки производи кај веќе дехидрирана кожа
- Нанесување премногу активни состојки одеднаш (пример ексфолијација со киселини и користење ретиноиди во исто време)
- Игнорирање на заштитен фактор (SPF), што дополнително ја оштетува бариерата
Овие грешки најчесто водат до циклус во кој кожата изгледа сѐ посува, почувствителна и помалку стабилна, без разлика на типот.
Заклучок
На крај, најважно е да се разбере дека кожата ретко има само еден проблем. Сувоста и дехидратацијата често се преплетуваат, а понекогаш се засилени и од нарушена кожна бариера. Клучот за здрава и урамнотежена кожа не е во користење на повеќе производи, туку во избор на правилни состојки и доследна нега. Кога ќе научите да ја препознаете вистинската состојба на кожата, многу полесно ќе ѝ ја дадете онаа грижа што навистина ѝ е потребна.
Ви се допадна оваа објава? Споделете ја со вашите пријатели!
Новости
Повеќе приказни што ќе ги сакате
Откријте дополнителни написи кои се усогласени со вашите интереси. Од совети за нега на кожата до еколошки живот, истражете слични приказни што ќе ве информираат и ќе ве инспирираат на вашето патување до поздрава, одржлива убавина.
2 weeks пред
Дали хидратацијата во лето значи и доволна нега на кожата?
Кога се зборува за нега на кожата во лето, секогаш ја слушаме фразата „хидратацијата е клучна“ – и тоа е…