Категорија: Лице

Гел со бела глина за нормална и сува кожа

890.00ден


Опис на производот:

Гел со бела глина и зрнца од маслинка за сува и нормална кожа

Нашиот гел со ситно мелени зрнца од маслинка прави најнежна ексфолијација, а белата глина помага во отстранување на нечистотиите и одржување на природниот баланс на кожата. Формулата делува на прочистување на порите и обновување на површинскиот слој на кожата, притоа зачувувајќи ја нејзината природна бариера и хидратација.

Со редовна употреба, кожата станува помека и помазна, текстурата се изедначува, а тенот добива посвеж и порамномерен изглед. Кожата изгледа негувано, без чувство на затегнатост или сувост.

Употреба

Нанесете мала количина на сува кожа и масирајте со нежни кружни движења без притисок, избегнувајќи ја областа околу очите. Потоа темелно исплакнете со млака вода. Користете еднаш дневно, по можност навечер.

Овој производ можете да го купите и во:

📍⚕️ Аптеки “Елена Фарм” – Гевгелија и во Гевгелија МОЛ

  • Богатата формула со антиоксиданси ја хидрира кожата и ја штити од оштетувања.
  • Природно ја апсорбира нечистотијата и го смирува тенот.
  • Овозможува длабинска хидратација и нега без да ја мрси кожата.
  • 🤰🤱 Безбедно за трудници и мајки доилки.

Големина: 100 мл

Изберете ја количината:

Бесплатна достава за нарачки над 1.800 денари.


Клучни состојки:


Слични производи