Категорија: Лице

Дневен крем за секој тип на кожа

1,150.00ден


Опис на производот:

Дневен крем за лице со Пантенол

Оваа дневна крема е создадена за кожа што има потреба од хидратација и смирување. Нежна текстура што ја балансира  и ѝ помага на кожата да не се чувствува затегната, дехидрирана или „уморна“. Исто така е добра при црвенило или чувство на иритација, бидејќи ја смирува и ја враќа во поурамнотежената состојба кожната бариера. Лесната текстура брзо се впива без масен траг, па кожата останува свежа, мека и пријатна на допир без чувство на неугодност и маснотија.

Пантенолот и хијалуронската киселина ѝ даваат долготрајна хидратација особено во делови на лицето кои лесно се дехидрираат и реагираат.

Бисабололот и витамин Е ја смируваат кожата и ѝ даваат поздрав изглед, додека формулата е внимателно направена за да не ги затвора порите и да биде погодна за комбинирана и масна кожа.

Ова е крем што не се обидува да промени сè одеднаш туку со секојдневна употреба  ја враќа кожата во нејзиниот природен баланс.

Употреба:

Нанесете од кремот на чисто лице или по серум па по него може да нанесете СПФ. Користете го секој ден за оптимални резултати. За дополнителна нега, може да го користете и како основа под шминка или заедно со други производи за дневна од производите “EFI”.

Овој производ можете да го купите и во:

📍⚕️ Аптеки “Елена Фарм” – Гевгелија и Гевгелија МОЛ
📍⚕️ Аптеки “Амброзија Фарм” – Скопје

  • Интензивно хидрира и помага кожата да задржува влага
  • Ја прави кожата помека, поеластична и поотпорна на надворешни влијанија
  • Ја смирува кожата и помага при иритации и црвенило
  • Безбедно за трудници и мајки доилки

Големина: 50мл

Изберете ја количината:

Бесплатна достава за нарачки над 1.800 денари.



Слични производи