Категорија: Лице

Крем за лице со церамиди

1,250.00ден


Опис на производот:

Крем со церамиди за заштита и обновување на кожата

Формулацијата на оваа крема со церамиди е создадена за кожа што има потреба од длабинска хидратација и регенерација. Делува така што ја зајакнува  липидната бариера, што е клучно за одржување на здрава кожа.

Составот е особено погоден за сува, дехидрирана и чувствителна кожа, како и за кожа склона кон розацеа. Кај ваква состојба, кожната бариера е често ослабена, што доведува до црвенило, иритација и зголемена реактивност. Благодарение на церамидните липиди и хранливите состојки, кремата помага да се обнови оваа бариера, да се смири кожата и да се намали чувството на печење, затегнатост и непријатност.

Со редовна употреба, помага во забавување на процесите на стареење, ја подобрува еластичноста и придонесува за намалување на фините линии, а кожата изгледа поизмазнета, помека и визуелно помлада.

Текстурата е нежна, лесно се впива што ја прави соодветна за секојдневна употреба.

Употреба:

Нанесете од кремот на чисто лице или по серум во дневна или ноќна рутина. Користете го секој ден за оптимални резултати.

Овој производ можете да го купите и во:

📍⚕️ Аптеки “Елена Фарм” – Гевгелија и Гевгелија МОЛ
📍⚕️ Аптеки “Амброзија Фарм” – Скопје

  • Ја обновува и зајакнува кожната бариера
  • Спречува губење на влага и обезбедува долготрајна хидратација
  • Ја смирува кожата и ја намалува чувствителноста и црвенилото
  • Безбедно за трудници и мајки доилки
  • Не содржи есенцијални масла и мириси

Големина: 50мл

Изберете ја количината:

Бесплатна достава за нарачки над 1.800 денари.



Рецензии за EFI производите

Што велат нашите клиенти?

Прочитајте ги искуствата на нашите задоволни клиенти и дознајте како производите на EFI им помагаат за нега на кожата. Вашето задоволство е наш приоритет, а вашиот глас е нашиот знак како да се подобриме.

Слични производи