Дали хидратацијата во лето значи и доволна нега на кожата?

Кога се зборува за нега на кожата во лето, секогаш ја слушаме фразата „хидратацијата е клучна“ – и тоа е сосема точно – но дали тоа значи и дека е сосема доволна? Во топлите периоди од годината често повеќе се потиме и кожата самата лачи повеќе себум, па добиваме впечаток дека можеби само нежно миење и лесен крем се доволни. 

Вистината е дека, како и во остатокот од годината, хидратацијата е задолжителна. Сепак, постојат и дополнителни фактори како што е изложеност на УВ-зрачења, високи температури, морска сол, зголемено потење, како и таложење на нечистотии од воздухот. И додека во огледало се чини како сè да е во ред, под површината на кожата може да настанат оштетувања кои ќе ги видиме подоцна во животот.

Што можете да направите за подобра нега?

Влагата ја прави кожата мека и еластична, но не ја штити, не ја обновува и не ги поправа штетите кои летото ги нанесува. Замисли ја хидратацијата како основа. Без неа сè друго е помалку ефикасно, но сама по себе не го решава проблемот со нарушување на кожната бариера, таложењето на мртви клетки, како и загадувањето од околината.

Поради тоа, како препорачани чекори во негата, заедно со хидратацијата се и:

  • Задолжителна и постојана заштита од УВ-зрачењето преку соодветен SPF
  • Смирувачка нега после изложеност на сончеви зраци
  • Редовна ексфолијација за справување со мртвите клетки

Чекори за соодветна нега во лето

Во лето, дури и вообичаено сувата кожа бара полесни текстури кои не создаваат тежина врз порите. Летната рутина не бара драстични промени, туку адаптирање на она што веќе ти одговара, според сегашните услови. 

Иако постои верување дека летото не е време за активни состојки, всушност хијалуронската киселина, нијацинамидот, витаминот Ц и пептидите треба да останат дел од вашата рутина. Па така, следете ги овие чекори:

  1. Задолжително миење за да се отстранат сите остатоци од шминка и нечистотии. 
  2. Користете соодветен тонер или лосион. На овој начин кожата е подготвена за следните чекори.
  3. Нанесете активни состојки според потребите на кожата, на пример витамин Ц и пептиди за третирање дисколорации, нијацинамид за контрола на себумот или хијалуронска киселина за зголемена хидратација.
  4. Во текот на денот, задолжително користете SPF крем. Навечер, негувајте ја кожата со лесен масле серум или обновувачки крем со пантенол. 

Еднаш до двапати неделно практикувајте ексфолијација со АХА овошни киселини или со механички пилинг. 

Во лето, кожата има поголема склоност кон таложење мртви клетки, особено поради изложеноста на сонце и честото потење. Со помош на ексфолијацијата, вие ја ослободувате кожата, заедно со порите, со што се подобрува ефикасноста на остатокот од негата. 

Како да ја прилагодите сегашната нега за лето?

Најпрво треба да знаеме дека во лето, нашата кожа има малку поразлична регулација на температурата отколку во останатите месеци. Самата температура на воздухот е повисока, а со тоа и повеќе се потиме. Затоа и, на некој начин, интуитивно, ни доаѓа да користиме производи кои имаат „лесна“ текстура, како флуид, гел или воздушест крем. Сепак, ова не значи дека тешките кремови се лоши во лето, туку едноставно, чувството на кожата може да биде непријатно, како производот да се топи и излева, а не впива. 

Останати промени кои треба да ги имате предвид:

  • Потемелно чистење на лицето: Потта, кремот со SPF и загаденоста до воздухот лесно се акумулираат на површината на кожата. Затоа, секогаш измијте го лицето откако сте биле надвор и сте реаплицирале SPF крем повеќепати.
  • Задолжителен SPF: Во зима можеби и не излегуваме често и УВ-зрачењата не се интензивни, но во лето SPF е речиси задолжителен, дури и кога сме во близина на прозорец преку кој навлегува директна сончева светлина. 
  • Циклично користење на активни состојки: Верувањето дека во лето треба да избегнуваме активни состојки е погрешно. Она што можеме да го направиме е наизменично користење, за да се избегне иритација.

Она за кое не треба да правиме компромиси се хидратацијата и обновувачката нега, особено ако често користите базен или поминувате време изложени на сонце. 

Што се случува со негата на телото?

Летото може да биде навистина предизвикувачко за негата на телото, бидејќи во текот на еден ден повеќепати се потиме, се тушираме многу почесто и може да ја нарушиме заштитната бариера. 

Запомнете дека како и лицето, така и телото во лето се повеќе изложени на УВ-зраци, па користење на SPF е повеќе од препорачливо. Дополнително, после туширање, може да користите лесен лосион со негувачки состојки како алое вера

Секако, хидратацијата однатре е важна подеднакво како и негата однадвор. Редовно пијте вода, но и консумирајте храна како лубеница или краставица. Покрај нивната содржина на вода, овие продукти содржат и минерали и антиоксиданти, кои заедно со негата, ја подобруваат текстурата и изгледот на вашата кожа.

Како да изберете соодветни производи за нега?

Кога избирате производи, имајте го предвид типот на вашата кожа. Продолжете да користите производи кои се соодветни за сува кожа, доколку тоа е вашиот тип на кожа. Истото важи и доколку имате масна кожа

Доколку никогаш не сте користеле витамин Ц или нијацинамид, не е задолжително да ги воведувате како новини. Држете до она што веќе ѝ одговара на вашата кожа. 

Доколку се шминкате, отстранете ја шминката со соодветна пена која мие и негува. Изберете тонер за масна и комбинирана кожа доколку тоа е вашиот тип или пак, тонер за нормална и сува кожа како дел од конзистентната нега. 

Кога се работи за SPF, компромиси не се дозволени – SPF 50 е златен стандард кој штити од опасните сончеви зрачења и креира заштитен слој меѓу кожата и надворешната околина. 

Доколку кожата е премногу чувствителна, воведете нега со нијацинамид и пантенол. Ако имате „поотпорна“ кожа, витамин Ц и пептиди се одлични против хиперпигментација. Негувајте со маслен серум за интензивна регенерација

На овој начин, кожата останува мека, здрава и квалитетна, дури и при топли лета кои се типични за нашето поднебје. 


Ви се допадна оваа објава? Споделете ја со вашите пријатели!


Најдете го она што го барате

Новости

Откријте дополнителни написи кои се усогласени со вашите интереси. Од совети за нега на кожата до еколошки живот, истражете слични приказни што ќе ве информираат и ќе ве инспирираат на вашето патување до поздрава, одржлива убавина.