Категорија: Тело

Путер за тело од ванила

990.00ден


Опис на производот:

Путер за тело

Путерот за тело од ванила е неодолив, изработен за кожа  што бара повеќе грижа, особено после туширање кога најлесно се чувствува сувост и затегнатост. Со богата, кремаста текстура, лесно се топи на кожата и остава чувство на мекост и удобност што трае.

Комбинацијата од органски пчелин восок, шеа путер и какао путер помага да се задржи влагата во кожата и да се зајакне нејзината природна бариера. Кожата останува нахранета, смирена и заштитена од надворешни влијанија.

Особено одговара за екстремно сува, чувствителна или оштетена кожа, кога ѝ е потребна подлабока нега. Често се користи и кај кожа склона кон дерматитис и псоријаза, бидејќи помага да се намали чувството на иритација и непријатност.

Употреба

Нанесете ја потребната количина на путерот за тело на чиста сува или полувлажна кожа по туширање.
При оштетена кожа, егзема или псорјаза нанесувајте на сува кожа наутро и навечер.
Нежно масирајте додека не се апсорбира целосно.
За најдобри резултати, користете го редовно, особено на нозете, стапалата и делови со сува кожа.

 

📍⚕️ Аптеки “Елена Фарм” – Гевгелија и Гевгелија МОЛ

  • Помага во спречување на сува кожа и лупење.
  • Регенерира оштетена кожа склона кон егзема или псорјаза.
  • Природен СПФ 10 помага во заштитата на кожата од штетните UV зраци.
  • 🤰🤱 Безбедно за трудници и мајки доилки.

Големина: 200мл

Одберете мирис:

Изберете ја количината:

Бесплатна достава за нарачки над 1.800 денари.



Слични производи