

Категорија: Тело
Балсам за потемнување
970.00ден
Опис на производот:
Балсам за потемнување и совршен тен преку лето
Балсамот за потемнување е твојата совршена формула за брзо и природно постигнување темен, златен тен под сончевите зраци. Со нежна, кремаста текстура и свеж мирис што потсетува на лето, овој балсам е направен со висококвалитетни природни состојки кои ја штитат кожата. Природниот пигмент од морков и бета каротен се клучни за потемнување на кожата, додека аргановото масло и екстрактот од невен ја одржуваат кожата хидрирана, мека и заштитена од сушење и лупење.
Употреба:
Најпрво, нанесете крем со заштитен фактор според вашиот тип на кожа на целото тело. Потоа, нанесете од балсамот за потемнување и нежно масирајте додека не се впие во кожата.
Сончaјте се на шарена сенка каде што сонцето делумно ве гали, но не ве пече директно. Повремено свртувајте се за рамномерно потемнување и избегнувајте предолго и директно изложување, особено ако кожата ви е осетлива или лесно црвенеете.
По сончање, но и за хидратација и смирување на кожата по сонце, посебно го препорачуваме нашиот лосион за тело со алое вера, вистински освежувач за кожата после жешкиот ден.
- Забрзува потемнување на кожата со природни пигменти од морков и бета каротен.
- Богат со арганово масло и витамин Е кои длабински ја хранат и омекнуваат кожата.
- Помага во зачувување на влажноста, спречува појава на сувост и иритации, правејќи ја кожата мека и сјајна.
- 🤰🤱 Безбедно за трудници и мајки доилки.
големина: 200 гр
Клучни состојки:
Слични производи