Категорија: Комплети, Тело

Против уморно тело и испукани усни

1,540ден 1,390ден

Заштедувате 150.00 ден. (-10%)


Опис на производот:

Нане свежина за релаксирано тело и освежени усни

Сапун со чајно дрво и нане

Природен сапун создаден за кожа што има потреба од длабоко освежување и почисто чувство после миење. Чајното дрво помага кај кожа склона кон нечистотии и мали воспалувања, додека нането дава ладен и чист ефект на кожата. После користење, кожата не изгледа  масна, туку посвежа, помазна и почиста.

Нане лабело

Освежително лабело кое ги омекнува сувите усни и остава пријатно ладно чувство веднаш по нанесување. Помага усните да останат помазни и заштитени од ветер, сув воздух и пукање, без леплива текстура. Нането дава чувство на чисти и свежи усни во текот на целиот ден.

Путер за тело

Путер за тело со силен освежителен ефект кој помага кај чувство на тешки, уморни и затегнати мускули после долг ден, тренинг или физички напор. Нането и камфорот создаваат пријатно чувство што помага телото да се почувствува поопуштено, полесно и посвежо, особено кај окоченост, напнатост и замор во нозете, грбот и рамената. Идеален е за моменти кога телото бара релакс, олеснување и чувство на обновување.

Изберете ја количината:

Бесплатна достава за нарачки над 1.800 денари.



Рецензии за EFI производите

Што велат нашите клиенти?

Прочитајте ги искуствата на нашите задоволни клиенти и дознајте како производите на EFI им помагаат за нега на кожата. Вашето задоволство е наш приоритет, а вашиот глас е нашиот знак како да се подобриме.

Слични производи