Категорија: Мама & Бебе, Подароци

Бебе нежности

1,980ден 1,790ден

Заштедувате 190.00 ден. (-10%)


Опис на производот:

Колекција за нежна кожа на бебе

 Бебе сапун со невен масло и шеа путер

Нежен природен сапун создаден за бебешката кожа без да ја наруши нејзината природна заштитна бариера. Невенот помага кај црвенило, осетлива кожа и мали иритации кои често се појавуваат кај бебиња, додека шеа путерот ја омекнува кожата и спречува сушење после капење. Кожата останува смирена, мека и без чувство на затегнатост, дури и при секојдневна употреба.
Важно за користење, напенете го сапунот на вашите раце па пената од рацете нанесете ја на бебешката кожа. Не го ставајте сапунот директно на кожата на бебето.

Природен гел-шампон за бебе

Нежна формула за коса и тело која чисти без да пече на очи и без да ја суши кожата на главата. Помага кај нежен и чуствителен скалп, сувост и насобрани лушпи кај бебиња, додека ја остава косичката мека и лесна за расчешлување. По капење, кожата не останува груба или сува, туку чиста и смирена.
Важно за користење, создаден за нежно секојдневно капење без пресушување на кожата. За да се зачува природната рамнотежа и мекост на бебешката кожа нанесете еднаш и исплакнете нема потреба од повторување.

Балсам за пеленска регија со цинк и невен

Заштитен балсам создаден за делот кој најчесто е изложен на влага, триење и иритации. Цинкот создава природна бариера која ја штити кожата од црвенило и осип од пелени, додека невенот помага кожата побрзо да се смири и регенерира кожата. Балсамот остава заштитен слој без да ја задушува кожата и е одличен за секојдневна превенција и нега.

Изберете ја количината:

Бесплатна достава за нарачки над 1.800 денари.



Слични производи