
Категорија: Рутини
Против црвенило и розацеа за масна кожа
6,490ден 5,990ден
Заштедувате 500.00 ден. (-8%)
Опис на производот:
Сет рутина од производи против црвенило и розацеа со масна кожа
SPF 50 – Минерален фактор за лице
Обезбедува висока заштита од UVA и UVB зраци кои често го влошуваат црвенилото, чувствителноста и воспалението кај кожа со розацеа. Формулата помага да се намали иритацијата од сонце без да создава тежок и мрсен слој на кожата.
Смирувачки тонер со центела и витамин B5
Центелата помага во намалување на видливото црвенило и ја поддржува обновата на чувствителната кожа склона кон иритации. Витаминот B5 дополнително ја смирува кожата и помага во зачувување на природната влажност без затнување на порите.
Серум со хијалуронска киселина и витамин B3
Хијалуронската киселина обезбедува длабинска хидратација која помага кожата да изгледа помирно и помалку реактивно. Витаминот B3 придонесува за намалување на црвенилото, балансирање на себумот и подобрување на заштитната бариера на кожата.
Крем со пантенол
Пантенолот интензивно ја смирува чувствителната кожа и помага при чувство на жарење, затегнатост и иритација. Кремата помага при побрзо обновување на кожната бариера без да ја чувствувате кожата масна.
Чистач за лице со зелена глина и витамин B5
Зелената глина помага во прочистување на порите и контрола на вишокот себум без агресивно сушење на кожата. Витаминот B5 помага кожата да остане смирена и хидрирана по чистењето, што е особено важно кај кожа со розацеа.
Крем со церамиди
Церамидите помагаат во обновување и зајакнување на оштетената кожна бариера која често е ослабена кај кожа со црвенило и розацеа. Кремата ја задржува влажноста во кожата и помага да се намали чувствителноста и иритации.
ВАЖНО:
Само со редовно користење на рутината во период од 3–9 месеци ќе достигнеш видливи промени на кожата.
По купување ако имате потреба јавете се за консултација.
Слични производи