
Категорија: Рутини
Против црвенило и розацеа за сува кожа
6,450ден 5,990ден
Заштедувате 460.00 ден. (-7%)
Опис на производот:
Сет рутина од производи против црвенило и розацеа за сува кожа
SPF 50 (минерален фактор за лице)
Обезбедува висока заштита од UVA и UVB зраци кои можат дополнително да ја иритираат чувствителната кожа склона кон црвенило и розацеа. Минералната формула делува нежно на кожата и помага да се зачува природната заштитна бариера без чувство на сушење.
Смирувачки тонер со рузмарин и витамин B5
Рузмаринот помага во освежување и смирување на чувствителната кожа, додека придонесува за намалување на видливото црвенило. Витаминот B5 обезбедува дополнителна хидратација и помага кожата да остане помека и помалку реактивна.
Маслен серум со ориз и витамин Е
Оризовото масло помага во хранење и омекнување на сувата кожа и придонесува за подобрување на еластичноста. Витаминот Е делува антиоксидативно и помага во заштита на кожата од надворешни фактори што може да ја иритираат.
Крем со пантенол
Пантенолот помага во смирување на чувствителна и дехидрирана кожа склона кон црвенило, жарење и затегнатост. Кремата помага за побрзо обновување на кожната бариера и задржување на влажноста во кожата.
Чистач за лице со бела глина и витамин Е
Белата глина нежно ги отстранува нечистотиите без агресивно сушење на кожата, што е особено важно кај сува и чувствителна кожа. Витаминот Е помага кожата да остане помека, заштитена и помалку чувствителна по чистењето.
Крем со церамиди
Церамидите помагаат во обновување и зајакнување на оштетената кожна бариера која често е ослабена кај кожа со розацеа. Кремата ја задржува влажноста во кожата и помага да се намали чувствителноста, сувоста и иритацијата.
ВАЖНО:
Само со редовно користење на рутината во период од 3–9 месеци ќе достигнеш видливи промени на кожата.
По купување ако имате потреба јавете се за консултација.
Слични производи