Категорија: Рутини

Масна кожа со акни

5,750ден 5,290ден

Заштедувате 460.00 ден. (-8%)


Опис на производот:

Сет рутина за масна кожа со акни

SPF 50 (минерална заштита за лице)
Го блокира UVA/UVB зрачењето кое директно влијае на создавање на нови флеки и иритација на акните. Бидејќи содржи УВ цинк оксид па со редовна употреба на кремата се намалува ризикот од хиперпигментација, трајни флеки и акни.

Тоннер за лице со центела и Б5
Го намалува воспалението кај активни акни, го смирува црвенилото и помага кожата побрзо да се врати во нормална состојба по иритација. Прави pH баланс на кожата по миење.

Серум со хијалуронска киселина и ниацинамид
Ја решава дехидратацијата што често ја има масната кожа. Ниацинамидот помага да се намали прекумерното лачење себум, ги стеснува проширените пори и постепено ја намалува појавата на нови акни.

Сапун – активен јаглен 
Го чисти лицето од сите маснотии во текот на денот. Со редовно користење се намалува формирање на комедони (затворени и отворени црнки).

Ноќен серум со АХА овошни киселини
Прави ексфолијација на горниот слој на кожата каде се таложат мртви клетки кои ги затнуваат порите. Со континуирана употреба овој серум помага да се намалат постоечки акни, флеки и нерамна текстура. Кожата станува порамна и помалку склона кон иритација и акни.

Крем за лице со ниацинамид 5%
Ја контролира прекумерната маснотија во текот на денот, го намалува воспалението кај акните и помага постепено да се намалуваат црвенилата од акни. Ја стабилизира кожата за да има помалку акни во циклуси.

Важно

Само со редовно користење на рутината во период од 3-9 месееци ќе достигнеш видливи промени на кожата.

Изберете ја количината:

Бесплатна достава за нарачки над 1.800 денари.



Слични производи