Приказна која инспирира, мотивира и информира

Ние сме EFI

efi tosheva

Запознајте го основачот

Здраво љубители на природната козметика!

Jас сум Ефимија, но многумина ме знаат како Ефи. Мојата приказна започна како потрага за решение за мојата кожа – постојани акни, дамки и иритации кои не можеа да се смират со никакви третмани. Бев исцрпена, но и решена да најдам вистинско решение.

Летото 2017 година беше пресвртна точка за мене. За време на одмор во Грција, влегов во една малечка продавница, преполна со рачно изработени сапуни. Мирисот и боите ме маѓепсаа. Таму се роди идејата дека природната козметика може да биде клучот за здрава кожа – не само за мене, туку и за сите кои поминуваат низ слични предизвици.

rachno napraveni sapuni

Како настана "EFI" ?

Патот беше долг – од истражување и експериментирање до формулирање сопствени производи. Откако започнав да правам сапуни и креми во мојата кујна за свои потреби, сфатив дека освен себе си, можам да им помогнам и на другите. Резултатите беа видливи и многу други луѓе почнаа да бараат моја помош. Тоа ме инспирираше да го создадам EFI.

Секој производ што го изработувам е настанат од искуство, посветеност и љубов кон природната убавина. Моја цел е не само да понудам природни решенија за вашата кожа, туку и да ве инспирирам да се грижите за себе и за планетата. Сите мои производи се направени со најдобрите состојки, вегански се и еколошки. Секогаш кога ќе ги користите, ќе почувствувате колку е моќна природата.

Нашата цел и визија

Во EFI, замислуваме иднина каде негата на кожата е луксузна и одржлива. Веруваме дека убавината и одговорноста за животната средина треба да одат рака под рака. Нашата цел е да бидеме пионери во создавањето свет каде што еколошката нега на кожата не е само тренд, туку стандард.

Во тој дух, посебно внимание посветуваме на природните состојки и локалното производство. Еден од најценетите елементи во нашите формулации е пчелиниот восок, кој доаѓа од одговорно и внимателно одбрано производство. Нашите пчелки сами си го изработуваат, а ние го претоплуваме и пречистуваме па го имплементираме во нашите производи како состојка за цврстина на продуктите и добивање природна густина.

Доколку имате прашања или сакате да дознаете повеќе за нашите производи, ве охрабрувам да ми се обратите – секогаш сум тука за вас. Заедно можеме да направиме значајна промена, и за вашата кожа и за светот што нè опкружува.

Ваша Ефимија, 

Технолог за козметичко производство

ESoapery shop

Нашата продавница

Дојдете во нашата продавница, да ја почувствувате магијата! Тука оживува нашата страст за изработка на еколошки, природни производи. Со топла и пријатна атмосфера, нашите рачно изработени сапуни и козметички производи се изложени на внимателно дизајнирани полици.

Ќе ве пречека мирис на свежи билки и ботанички екстракти, кои ја претвораат вашата посета во вистинско сетилно доживување. Луксузниот, но едноставен декор, изработен од природни материјали, совршено се надополнува со нашата филозофија за одржливост.

Приказната за логото EFI

Нашето лого е повеќе од само дизајн – тоа е одраз на нашите вредности. Секој елемент ја претставува нашата посветеност на чистота, одржливост и трансформација. Од природните форми до боите инспирирани од земјата, откријте како нашето лого ја симболизира суштината на EFI.

E-Effective F-Functional I-Ingredients Бидејќи секој производ што ни е формулиран е со цел да решава конкретни проблеми на кожата.

Означува природност што укажува дека производите се направени од билки и природни растенија.

Ја означува нашата посветеност кон природата.

И, еве го "EFI"→ мал бренд со успешни приказни кои растат од ден на ден.

Вашите прашања, одговорени

Често поставувани прашања

Имате прашања за нашите производи, испораката или како да нарачате? Составивме листа на најчесто поставувани прашања за да ви помогнеме да ги најдете одговорите што ви се потребни. Ако не го гледате вашето прашање овде, слободно пишете ни и со задоволство ќе ви помогнеме.

Продавницата се наоѓа во срцето на Гевгелија - Старата Чаршија

Да, имаме тестери од сите производи.

Да, вршиме достава на производи низ цела Македонија и Грција.

Да, сите производи се изработени да бидат нежни и погодни за чувствителна кожа. За да бидете сигурни дека нема да предизвика никаква реакција препорачуваме да го тестирате производот на раката - делот под лактот и да почекате 15мин.

Да, нудиме персонализирани консултации за да ви помогнеме да ги изберете најдобрите производи за вашите специфични потреби за кожа и коса. Можете да нé контактирате на нашите социјални профили, tелфонски број или да ја посетите нашата продавница во Гевгелија.

Да, ние сме посветени на одржливост. Нашите производи се спакувани во еколошко рециклирачка амбалажа и немаме штетно влијание врз животната средина во текот на производниот процес.

Дел од состојките (како мацерати и хидролати) ги произведуваме сами, а другите состојки ги набавуваме од сертифицирани фирми или физички лица што нудат сертификат за таа состојка и кои ја разбираат нашата посветеност на квалитетот и одржливоста. Ние даваме приоритет на органските и природните состојки, осигурувајќи се дека нашите производи не се добри само за вас, туку и за животната средина.

Постоиме од 2019та година и сме целосно посветени на транспарентноста, квалитетот и задоволството на клиентите. Ги користиме само најдобрите природни состојки, строго ги тестираме производите и обезбедуваме јасни информации за тоа од што се изработува секој производ. Нашиот персонализиран пристап гарантира дека ги добивате најдобрите производи за вашите уникатни потреби.

Се стремиме да го следиме брзиот развој на индустријата со континуирано истражување на нови состојки, техники и трендови. Редовно посетуваме интернационални конференции, семинари, дополнителни обуки и се вклучуваме во најновите научни наоди во процесот на изработка на производите.

Рецензии за EFI производите

Што велат нашите клиенти?

Прочитајте ги искуствата на нашите задоволни клиенти и дознајте како производите на EFI им помагаат за нега на кожата. Вашето задоволство е наш приоритет, а вашиот глас е нашиот знак како да се подобриме.