
Категорија: Сапуни
Galaxy Dream – сапун за мрсна кожа
300.00ден
Опис на производот:
Сапун со активен јаглен, чајно дрво и нане за мрсна и комбинирана кожа
Направен со традиционален метод со ладен процес, овој сапун создава нежна пена која ефикасно ја балансира маснотијата и ја освежува кожата. Неговата формула помага во борба против акните и смирува иритации и црвенило, Ја прави кожата обновена и чиста благодарение на моќното бадемово масло.
Сапунот е збогатен со есенцијални масла од чајно дрво и нане, кои имаат антибактериски и антивоспалителни својства, идеални за контрола на проблематичната кожа. Нежната пена го ослободува богатството на бадемовото, кокосовото, рицинусовото, маслиновото и палминото масло, кои активно се борат против вишокот маснотии и акни.
Активниот јаглен е познат по својата способност за длабинско чистење и апсорпција на токсини. Содржи ситни зрнца од бадем и кајсија за нежен пилинг, што дополнително ја подобрува текстурата на вашата кожа.
- Подарок: мрежичка за туширање
- 100% природен сапун.
- За миење на лице пената од рацете се нанесува на лицето. НЕ го ставајте сапунот директно на лицето.
- 🤰 🤱 Безбедно за трудници и мајки доилки.
Големина: 95gr
Клучни состојки:
Слични производи